Menu

Bridal Collection 2018

About Bridal Collection 2018

Венчаницата е карактер, магија, идентитет, спомен, одраз на личниот сензибилитет на невестата...

Познавајќи ја непроценливата вредност на венчалниот фустан, јас и мојот тим ја создадовме ателјерската приказна на Елена Лука во која креиравме свет во кој секоја невеста се чувствува посебно и привилегирано.

Тоа подразбира исклучително внимателен однос кон клиентите, целосна посветеност, изработка на уникатни и единствени венчаници во кои невестите се чувствуваат и изгледаат како од бајка.

Новата колекција венчаници за 2018 година е љубов на прв поглед... Секој венчален фустан е приказна за себе, што ја дефинираат префинетиот дизајн, автентичната естетика препознатлива за нас како моден бренд, секогаш внимателно одбраните висококвалитетни и раскошни материјали, финишот со рачни изработените, екстравагантни детали... Така ние ги креираме соништата на нашите невести.

Со љубов,
Елена Пандева

Bridal Collection 2018
Collection

Bridal Collection 2018

Making of Bridal Collection 2018
Bridal Collection 2018

Making Of

Video Bridal Collection 2018
Bridal Collection 2018

Video

Pearl
Collection

Pearl

Making of Pearl
Making of

Pearl

Making of Pearl
Video

Making of Pearl

New Bridal Collection 2017
Collection

Bridal Collection 2017

Making of Bridal Collection 2017
Bridal Collection 2017

Making Of

Video New Bridal Collection 2017
Bridal Collection 2017

Video

New Bridal Collection 2016
Collection

Bridal Collection 2016

Fairy Tale Bridal Collection
Gallery

Princess Room

Fairy Tale Bridal Collection
Video

Princess Room

Fairy Tale Bridal Collection
Collection

Fairy Tale Bridal Collection 2016

Fairy Tale Bridal Collection
Gallery

Clients

About Elena Luka

Елена Лука е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.

Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена, издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници – кројачи, моделари, дизајнери, работници за рачна работа, менаџери, агенти за маркетинг и продажба, истражувачи на пазар предводени од една исклучително амбициозна дама која е една од водечките жени-менаџери во Македонија.

Модна приказна

Елена лука

Елена Лука во 2008 година започна да раскажува една нова значајна приказна за македонската модна индустрија, која во суштина беше реализација на долгогодишната анализа и стратегија, но пред сè искрена желба на генералниот менаџер Елена Пандева да создаде една сериозна модна платформа која ќе ги задоволи и највисоките професионални стандарди во модниот дизајн. Од тогаш, Елена Лука во континуитет креира два пати годишно сезонски ревијални колекции, а покрај тоа редовно, секојдневно создава нови визии на совршениот моден дизајн.

Бела соба

Бела соба

Она што е препознатливо за венчаниците на Елена Лука е пред сè одличната изработка. Се посветуваме буквално на секој сегмент за да изгледа совршено во комплетната слика. Работиме со исклучително квалитетни материјали од кои многу зависи и крајниот резултат и постигнување на саканиот ефект. Рачните доработки се тие што ја прават венчаницата посебна, па затоа голем дел од времето при изработката на една венчаница се користи и за перфектно изведување на рачно изработените детали како композиции со везови, цветови, мулаж форми, модни додатоци, накит, дијадеми, велови...

Ателје за венчаници - Скопје

Ателје за венчаници - Скопје

Со отвoрање на Ателјето за венчаници во 2013-тата, Елена Лука одбележува 5 јубилејни години кои сведочат за континуираниот прогрес.
„Со отворањето на ателјето за венчаници, заокружуваме една успешна јубилејна приказна. Се потрудив да бидат испочитувани сите светски стандарди во осмислувањето на целиот концепт, од уредувањето на ентериерот до дизајнот на венчаниците, а сето тоа сепак да го носи препознатливиот печат на брендот” - Елена Пандева.
Еден од најкарактеристичните сегменти на брендот се токму уникатните венчаници во чиј дизајн особено внимаваме на рачната изработка и на автентичноста во комплетната реализација, а со отворањето на новото ексклузивно ателје, тие ја добиваат заслужената бела соба.

Ателје за венчаници - Струмица

Ателје за венчаници - Струмица

Следна дестинација каде модната куќа го отвори своето ново ателје е Струмица. Во центарот на градот се расплете нова современа приказна која ја раскажува модата во едно уникатно поглавје. Елена Лука доследна на својот стил и сензибилитет, и го доближи својот уникатен дизајн на најкритичната публика, токму поради фактот што е домашна.
Во автентичен амбиент го рефлектира препознатливиот профил на афирмираниот бренд. На две нивоа, во пространа атмосфера се изложени уникатни дизајни од Елена Лука меѓу кои и најновите колекции на венчаници. Исто така, во рамките на ателјето функционира и производствен сектор каде се изработуваат сите креации по мерка на клиентите.

Што клиентите кажуваат за нас

  • Сè e супер,
    многу ми се допаѓаат работите што ги купивме/сошивме кај Вас
    и сите се многу љубезни.

    Барбара
  • Задоволна од целокупната соработка со тимот
    околу изработката на венчаницата
    за која имам само позитивни критики.

    Даниела
  • Тим Елена Лука је најбољи на свету. Одушевљена сам и презадовољна услугом и особљем који ради, услужни, пословни и професионални. Хвала Вам на свему! НАЈБОЉИ СТЕ! Волим Вас!

    Тијана
  • Задоволни сме од соработката,
    со креаторите поминавме одлично.
    Многу пофалби до целата модна куќа Елена Лука.

    Емине
  • Навистина уживав во целиот процес. Пријатна атмосфера со многу добри стручни совети од креаторите како и од целиот персонал. Фустанот ми е прекрасен. Продолжете така и понатаму. Ви посакувам само успеси..

    Сања

Contacts

Скопје Ателје
Посетете нè на:

бул. М.Т.Гологанов бр.66
1000 Скопје

Пратете ни e-mail на:

el@elenaluka.mk

Јавете се на:

Телефон: (+389) 2 3245 107
Мобилен: (+389) 70 312 413

Струмица Ателје
Посетете нè на:

бул. Маршал Тито бр.20
2400 Струмица

Пратете ни e-mail на:

atelje.sr@elenaluka.mk

Јавете се на:

Телефон: (+389) 34 334 001
Мобилен: (+389) 70 309 450

Следете нè