Elena Luka

New Collection
AW 2016/17

  • Индивидуалност и автентичност

    Индивидуалноста на секоја жена, нејзината потреба да биде своја, нејзиниот став и шарм, се бесконечната инспирација во креирањето на колекциите на Елена Лука. Моќната автентичност на брендот како огледало на уникатноста на секоја жена е основата на новата колекција наменета за сезоната есен-зима 2016/17 година.

    Погледнете ја галеријата!

  • Посветеност на детали

    Препознатливата дизајнерска естетика на Елена Лука, како што е богатата рачна доработка, изборот на квалитетни материјали, уникатниот финиш на секој дизајн, посветеноста на секој детаљ и впечатливите форми се основата на колекцијата. Акцентот е ставен токму на деталите меѓу кои како носечки се издвојуваат композициите од украсни камења и паспулите, кои ѝ даваат целина на линијата.

    Погледнете ја галеријата!

Светски тенденции

„Охрабрувачки сепак изгледа што некој има слух за светските тенденции кога станува збор за модните кампањи. Сосем на линија на најновите рекламни изданија на големите светски модни брендови каде во последно време се ангажираат се повеќе ликови од ерата на супер моделите, и нашиот домашен моден бренд Елена Лука имаше чувство за ефективноста на овој тренд.“

Снежана Богдановска – Сани

Максимална професионалност

„Во модниот свет во Македонија, максималната професионалност на Елена Лука според мене не може да се спореди со ничија друга. Елена Лука има еден принцип да создава една висока мода каде го знае правецот на трендот. И токму поради тоа се знаеше дека и оваа колекција есен-зима 2016/2017 ќе биде неверојатна.“

Мартина Михајловска

Изграден бренд

„Околу Елена Лука не треба да се зборува многу, затоа што станува збор за изграден бренд кој зборува самиот за себе. Секогаш сум воодушевена од нивната професионалност која е на светско ниво, а од секоја наредна колекција произлегуваат одлични производи кои можат да ги задоволат критериумите на светските пазари.“

Емилија Розман

  • Elena Luka
  • Elena Luka
  • Elena Luka

Печат на стилот на секоја жена

Имплементиравме неколку базични парчиња облека што ќе му дадат печат на стилот на секоја жена: коктел фустани што ја следат линијата на телото со голи рамена, кратки палтa со совршено дефинирани линии, тренди бомбер јакни, панталони со широк крој, сакоа со струкирана линија, здолништа во А крој, наметки, плетенини, како и макси, раскошни тоалети.

Elena Pandeva

"Сигурна сум дека ова е колекција која ќе и даде печат на стилот на секоја дама, а за фотосесијата со која ја промовираме колекцијата соработувавме токму со дами кои имаат изграден стил и моќен став и јавноста ги препознава како такви." - Елена Пандева

Google Analytics: